Quantcast
Channel: Shqip –Радио МОФ
Viewing all articles
Browse latest Browse all 562

[Во Живо] #НаЧас: Реформи, предизвици, очекувања – Образование 2018

$
0
0

На темата „ Реформи, предизвици, очекувања – Образование 2018“, во десетата „На час“ – дискусии за подобро образование, разговараме со универзитетската професорка Маја Стевановиќ, професорот од гимназијата „Орце Николов“ Душко Стојановски и Ана Мицковска-Ралева, од Центарот за истражување и креирање политики – ЦРПМ.

Дискусиите „На час“ – за подобро образование се емитуваат секој четврток, во 13 часот, со аудио пренос на Радио МОФ и видео пренос на нашата Фејсбук страница. За сите прашања, коментари и забелешки на Твитер активен е и хаштагот #НаЧас. Периодот кој следи наговестува дека ќе се случуваат многу значајни промени во образованието, а со цел да се добие видливост и отвори дебата на предложените политики го започнуваме овој тематски серијал посветен на образованието.

Радио МОФ е младински медиум кој ги има како главен фокус: студентските и средношколските права, студентскиот стандард и создавањето на политики во образованието. Токму затоа, опширното, сликовито и сеопфатно информирање на јавноста за теми поврзани со образованието и животот на учениците и студентите го сметаме за еден од приоритетите.

Серијалот „На час“ е финансиран и се спроведува во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 562

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>